На родителите нема кој да им ги чува децата: Нема пролетен распуст за учениците
Министерката за образование Весна Јаневска денеска изјави дека нема да има пролетен распуст за учениците и оти учебната година ќе заврши на 10 јуни, освен за матурантите.
-Нема да има пролетен распуст. Финалните анкети на родителите покажаа дека тие не сакаат, но и на повозрасните ученици, исто така, така што оваа година, пролетен распуст нема да има, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во село Булачани.
08.08.2024 - 16:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа