Утрово најстудено е на Попова Шапка и во Берово, со -2 степени, додека максимални 7 степени се измерени во Скопје – Зајчев Рид и во Велес. На Попова Шапка има 57 сантиметри снег.
Според УХМР, до 8:30 часот измерени се: 1 степен во Маврови Анови, Крушево, Ѓуриште и Демир Капија; 2 степени во Лазарополе, Охрид, Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип и Скопје – Петровец; 3 степени во Претор; 4 степени во Кавадарци и Тополчани; 5 степени во Тетово, Прилеп, Пожаране и Гевгелија; и 6 степени во Куманово и Виница.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде од 13 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне 20 степени. Од утре следи влажен бран во Македонија кој носи невреме и дожд.

