Екипи на противпожарните бригади од Свети Николе и Кочани се упатуваат кон Шти да го гаснат големиот пожар којшто во моментов беснее над градот, потврдуваат од ЦУК за ПРЕСС24.
За потсетување пожарот избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева.


