На несовесната мајка од Белград ѝ се закануваат 12 години затвор, бебето има повреди - познато каде се нејзините други деца

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград ја уапсиле С.С. поради постоење основи за сомнение дека извршила кривично дело запуштање и малтретирање на малолетни лица.

Пред два дена таа со себе ги земала трите деца за да просат заедно со неа, а своето седуммечесно бебе го префрлала од рака во рака со што го загризила неговото здравје.

На осомничената ѝ е одредено задржување од 48 часа после што, со кривична пријава ќе биде приведена во Третото основно јавно обивнителство во Белград.

Како што пишуваат српските медиуми, во наредните денови ќе се утврди дали повредите кои ги имало бебето настанале тој ден кога мајката била снимена во Нов Белград или се од претходно. Нејзините деца се згрижени од државата.

На мајката инаку ѝ се закануваат 12 години затвор поради две кривични дела, пишуваат српските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега