Владата најавува големо шоу на 8-ми септември на градскиот стадион во Скопје за прославата на 35-годишнината од независноста. Главното одбележување ќе биде концерт на мега популарниот артист Дејвид Гета. Влезот на градскиот стадион Тоше Проески во Скопје ќе биде бесплатен, а ќе постои систем за регистрација за влезници.

Одбележувањето на јубилејот ќе започне уште во август и ќе опфати повеќе културни и музички настани низ целата државата. Во програмата ќе учествуваат над 120 домашни естрадни уметници.

Exit mobile version