На денешен ден почна бомбардирањето на Југославија од НАТО

 

 

Сирените се слушаа 78 дена, а вкупниот број на жртвите никогаш не е утврден. Се проценува дека во текот на 11 недели загинаа меѓу 1.200 и 2.500 луѓе, од кои 89 деца, а вкупната материјална штета е проценета на повеќе десетици милијарди долари.

Нападот врз Србија, односно СРЈ, беше извршен без одобрение на Советот за безбедност на Обединетите нации, што беше преседан.

Наредбата на тогашниот командант на сојузничките сили, американскиот генерал Весли Кларк, му ја издаде генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана.

Кларк, подоцна, во книгата „Модерно војување“, напиша дека планирањето на воздушната операција на НАТО против СРЈ „кон средината на јуни 1998 веќе на големо била во тек“ и дека завршило кон крајот на август таа година.

Откако српското собрание потврди дека не ја прифаќа одлуката за странски трупи на својата територија и предложи сили на Обединетите нации да го надгледуваат мировното решение на конфликтот на Косово, НАТО на 24 март 1999 во 19.45 часот ги почна воздушните напади со крстосувачки ракети и авијација во повеќе места во Србија и Црна Гора.

24.03.2023 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега