На црната листа на САД се најдоа и синовите на Јакимовски


Стејт Департментот на САД денес ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и кандидат за престедател и Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка.

Јакимовски во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош бил вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници, сто во соопштението на Стејт департментот.

Покрај Јакимовски, Стејт департментот на црната листа ги стави и членовите на неговото потесно семејство – двата полнолетни синови  Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и сопругата. 

18.03.2024 - 16:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега