На Алтернатива и ќе бидат понудени 2 министерски места, но од партијата бараат и гаранции за заменици-министри и директорски позиции

Расположението на мнозинството членови на Алтернатива е за влез во Владата, изјавиле за „Слободен печат“ од партијата.

Високи функционери велат дека нема да бараат влакно во јајцето за да ја одбијат понудата, туку прифаќање на нивните програмски определби. Централното претседателство на Алтернатива утре вечер треба да реши дали ќе продолжат разговорите со премиерот Зоран Заев за зголемување на мнозинството во Собранието или ќе останат во опозиција.

СП“ пренесува дека за Алтернатива не било битно дали ќе има нов мандатар, туку барале реализација на програмата и нови преговори за поделба на владиниот колач. Ќе им бидат понудени две министерски места.

Лидерот на партијата Африм Гаши наводно побарал од Заев и да се утврдат рокови за реализација на проектите. За Алтернатива е битно и Владата да го истурка мандатот докрај.

Како што пренесува СП, на Алтернатива ќе ѝ бидат понудени две министерски места, и тоа од некои од ресорите образование, здравство, труд и социјала, култура или земјоделие. Од Алтернатива пак барале гаранции и за заменици министри, но и повеќе директорски места.

22.11.2021 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега