Целосно помрачување на Сонцето ќе се случи на 12 август и ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, во Шпанија и во помал дел од Португалија.
Многу други места на северната хемисфера тој ден ќе доживеат делумно помрачување на Сонцето, вклучувајќи делови од северниот дел на Соединетите Американски Држави – од Аљаска до Северна Каролина, поголемиот дел од Канада, поголемиот дел од Европа и земјите од северозападна Африка, соопшти Американската агенција за аеронаутика и вселена (НАСА).
Од многу земји долж западниот дел од патеката на помрачувањето, во континентална Европа и Африка, Сонцето ќе зајде додека е сè уште делумно помрачено, што ќе изгледа како Сонцето да исчезнува од хоризонтот за време на помрачувањето.
НАСА најави дека ќе го пренесува целосното помрачување на Сонцето во живо на 12 август, на https://www.nasa.gov/live.


