МЗ: Жените и девојките од руралните средини полесно до матичен гинеколог- проектот ќе се спроведува во 10 градови

 
Министерството за здравство, ФЗО РСМ, здружението ХЕРА и Центарот за семејна медицина ќе реализираат уште една реформа во примарната здравствена заштита.
 
Станува збор за проект кој ХЕРА го доби од амбасадата на Јапонија, како поддршка на јапонскиот народ, а се однесува на пристапот до матичен гинеколог во регионите каде воопшто нема таков семеен лекар или нивиниот број е многу мал.
 
На денешниот состанок на министерот за здравство д-р Венко Филипче, д-р Катарина Ставриќ од Центарот за семејна медицина, Бојан Јовановски и Весна Матевска од ХЕРА и Љатифа Шиковска, се зборуваше за начинот на реализација на проектот како и целта на истиот. Овој проект е за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје за сите со посебен акцент на девојките и жените од руралните подрачја, од ромските заедници и девојките и жени со телесна попреченост кои имаат ограничен пристап до јавните здравствени установи.
 
Проектот ќе се спроведува во 10 градови во државата: Македонски Брод, Пробиштип, Крушево, Радовиш, Демир Хисар,Кратово, Делчево, Штип, Крива Паланка и Ресен. Преку проектот предвидено е да се формира консултативната работна група за сексуално и репродуктивно здравје, која заедно со национален и интернационален консултант ќе развие 5 годишен национален план за имплементација на вакви услуги од страна на семејни лекари.
 
Дополнително предвидено е да се подготви акредитирана наставна програма (теорија и пракса) за зајакнување на знаењата и вештините на семејните лекари за давање на услуги од областа на сексуалното и репродуктивно здравје, едукативно информативни материјали за теренски активности и промоција на услугите помеѓу населението. Значајно е што има и компонента која се однесува на набавка на опрема за давање на здравствени услуги и конртацепција за потребите на семејните лекари, согласно потребите од спроведено мапирање на семејни матични лекари кои обезбедуваат услуги за сексуално и репродуктивно здравје во 10 здравствени региони во Северна Македонија.
 
Министерот за здравство ја поздрави идејата и посочи дека со ваквите проекти се олеснува и пристапот на граѓаните до јавните здравствени установи.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега