МЗ: Вакцините што се користат во земјава се од реномирани производители и одобрени од СЗО

 

Сите вакцини кои се користат во здравствените домови низ земјава се од реномирани производители од земји на Европската Унија (Франција, Белгија, Бугарија), одобрени од СЗО и ги исполнуваат сите потребни стандарди, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму нагласуваат дека редовната имунизација создава колективен имунитет, а невакцинирањето носи сериозни ризици од појава на епидемија, која може да има и фатални последици.

– Само со редовна имунизација можеме да го зачуваме јавното здравје, се вели во денешното соопштение на Министерството за здравство и се посочува дека во 2019 година се воведени две нови вакцини кои ги штитат најмладите од пневмокок и рота вирус.

Минатата година, како што оценува Министерството, земјава успешно се справила со епидемијата од морбили, а опфатот со МРП вакцината бил 98 проценти. – Од почетокот до одјавувањето на епидемијата, вкупно се вакцинираа 49.332 и со ова се исполни препораката на Светската здравствена организација, велат од Министерството за здравство. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега