МЗ: Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести

Д-р Александар Петличковски не е сменет од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести, информира Министерството за здравство.

-Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да ја извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација, посочуваат од Министерство за здравство.

Дел од медиумите денеска објавија дека новиот министер за здравство Илир Демири го разрешил Петличковски од функцијата претседател на Комисијата за заразни болести.

20.02.2024 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега