МЗ: Отворен телефонски број за директна комуникација со министерот Таравари

 
Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари, соопшти Министерството за здравство.
 
 
„Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број - 072/899001.
Исто така, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот за време на отворениот ден, секоја секоја среда од 13:30 16:00 часот“, стои во соопштението од МЗ.
15.07.2024 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега