Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли по повод Европската недела на контроли.
Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.
Имајќи предвид дека, се наоѓаме во период на верски и предновогодишни прослави, кога е зголемен ризикот од управување возило под дејство на алкохол и психотропни супстанции, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава.
Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат кон зачувување на сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Актуелно
- Новите американски царини предизвикаа раздвижување во Азија: Хонгконг оптимист, Тајван на штрек
- Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“
- ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштвото на судијата Катевеновски докажува како СДСМ и ДУИ монтирале политички случаи
- ОЈО Струга забрани ископ: Фатени машини на две фирми кои ги загадија изворите кај Шум
- СДСМ: Парите од владиниот луксуз да се пренаменат за повисоки плати на работниците
- Уништени над еден тон небезбедни производи во објекти за „здрава храна“
- Еден метар снег на Попова Шапка, денеска променливо и ветровито со температура до 13 степени
- Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар


