Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли по повод Европската недела на контроли.
Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.
Имајќи предвид дека, се наоѓаме во период на верски и предновогодишни прослави, кога е зголемен ризикот од управување возило под дејство на алкохол и психотропни супстанции, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава.
Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат кон зачувување на сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
- Тетовец продолжил со правдата на улица: Тепачка по завршување на судско рочиште
- Куманово: Пресретнати двајца дилери со „роба“ подготвена за пазарот
- Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате
- Дневен хороскоп за 18 март: Младата месечина во Риби носи нови почетоци
- Три знаци влегуваат во период на изобилство и успех
- Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението
- Чудо во Русија: Жена паднала од петти кат, станала и си заминала
- Русија нема безбедни региони, предупреди Шојгу за украински напади

