Четвроца загинати во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница, официјално потврди Министерство за внатрешни работи за Press24.

Засега познат е идентитетот на троца од жртвите, а во моментот се работи на идентификација на четвртото лице. Станува збор за 51-годишниот возач на „бмвто“ Р.В. од Скопје и две 2-годишни лица со иницијали А.В. И П.М., исто така од Скопје.

МВР потврдува дека до несреќата дошло откако возачот на камионот, марка „ман“, со косовски регистарски ознаки загубил контрола врз возилото, преминал преку банкината во спротивната лента и директно удрил во „бмв“-то. 

-Синоќа во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје. Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, велат од Министерство за внатрешни работи.

Телата се предадени на обдукција, а приведен е возачот на камионот.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Исто така, по наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР. 

Exit mobile version