Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле А.Ф. и М.Ф. од с.Видуше, гостиварско.

По насоки на јавен обвинител патничкото возило ќе биде задржано Полициска станица Гостивар за вонреден технички преглед, а телата на починатите ќе бидат дадени за обдукција.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата.

Exit mobile version