Close Menu
Press24
    Најново

    Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила

    03.03.2026 во 23:10

    Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи

    03.03.2026 во 22:54

    Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра

    03.03.2026 во 22:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
    • Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
    • Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
    • Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
    • Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
    • Вреди наскоро ќе биде една партија
    • Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
    • Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР со детали за заѕиданите 350.000 евра: Ги криел во алумиумски ролни во кујна

    МВР со детали за заѕиданите 350.000 евра: Ги криел во алумиумски ролни во кујна

    20.01.2026 во 16:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вистинско филмско сценарио се одвивало во Неготино за време на истрагата против судијата на Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов (53). Министерството за внатрешни работи попладнево откри детали за спектакуларната акција во која се пронајдени стотици илјади евра заѕидани во ѕид, додека правосудните органи ја започнаа процедурата за одземање на неговиот имунитет и определување куќен притвор.

    Заѕидани 350.000 евра во кујната на родителите

    Клучниот момент во истрагата се случил на 18 јануари 2026 година. Врз основа на наредба од судија на претходна постапка, полицијата извршила претрес во домот на родителите на судијата Ристов во Неготино.

    „На првиот кат, поточно во кујнската просторија, биле забележани сомнителни околности за изведување на градежни активности (корекција на ѕидните плочки), по што при отстранување на една ѕидна керамичка плочка, забележана е дупка во која се наоѓале алуминиумски ролни во форма на цилиндер“, соопшти МВР.

    Во дупката биле скриени 13 поединечни пакувања полни со девизи. Полицијата избројала вкупно 610 банкноти во апоени од 500 евра и 225 банкноти од 200 евра. Вкупната сума пронајдена зад плочките изнесува 350.000 евра.

    Кривична пријава за перење пари и прикривање имот

    Единицата за корупција при МВР денеска (20.01.2026) поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против судијата поради сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

    Според пријавата, Ристов во својство на судија во Апелација, во периодот од 10.02.2020 до денес, дал лажни податоци за својот имот и имотот на семејството, кој драстично ги надминува неговите законски приходи.

    Обвинителството побара куќен притвор и одземање на пасошот

    Осомничениот судија денеска беше сослушан од предметен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Откако му биле предочени доказите, обвинителот оценил дека се исполнети условите за мерки на обезбедување.

    „Јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор. Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа“, информираа од ОЈО ГОКК.

    Правна блокада во Кривичен: Се чека „амин“ од Судскиот совет

    Предлогот за притвор веднаш бил испратен до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Меѓутоа, поради судискиот имунитет што го ужива Ристов, постапката моментално е во мирување.

    Од Кривичниот суд соопштија дека судијата на претходна постапка веднаш доставил известување до Судскиот совет. „Се очекува одговор од надлежниот Судски совет, по што судијата ќе продолжи со постапување“, појаснија од Судот.

    Како одговор на барањето од судот, Судскиот совет за попладнево во 15:30 часот закажа итна седница (535-та по ред).  Зад затворени врати членовите расправаат дали да се одземе имунитетот на судијата или не.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Пошумување на опожарена површина на Голак

    03.03.2026 во 21:32

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.