Вчера е пријавено дека околу 14:15 часот на експресниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Струмица.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на возилото ,,пасат“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на возилото ,,голф” се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
Увид изврши јавен обвинител во содејство на екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
- Николоски: Со модернизација на ГП Деве Баир и новата обиколница целосно го развиваме источното крило на Коридор 8
- Еве што ќе се случи со производството на нафта по нападот врз Иран
- Владата со препораки до македонските државјани: Следете ги упатствата и контактирајте ги амбасадите
- (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома
- (ВИДЕО) Погледнете како изгледа небото на Блискиот Исток
- (ВИДЕО) Војната се прошири и во Ријад: Експлозиите одекнуваат низ целиот град
- Небото над Дубаи е празно: Важни инструкции за патниците по нападите на Блискиот Исток
- Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

