Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло.
Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М.. Известени се јавен обвинител, Центар за управување со кризи, ЕВН, општина Центар и Државен инспекторат за труд.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршен е службен разговор со В.К. и А.Х., од правното лице- инвеститор на објектот, како и со А.М., кој го управувал багерот и се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
- Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија
- Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс, осудениот ќе плати 1.800 евра
- Собранието го изгласа заемот од 260 милиони евра за буџетски потреби и враќање на стари долгови
- Важно за возачите: Од 15 јуни се укинува плаќањето со картичка на MTAG лентите
- Николоски од Охрид: Со Хрватска разговаравме за соработка во транспортот, инфраструктурата и економијата
- Македонија и Хрватска потпишаа Меморандум за енергетика, во Охрид се бараат нови инвестиции
- Пленковиќ од Охрид: Македонија напредува одлично, единствено отворено прашање се односите со Бугарија
- Тешка несреќа во Студеничани: „Голф“ удри во пешак, со тешки повреди пренесен на Клинички


