МВР со детали за страшната несреќа кај Росоман: Двајца млади се тешко повредени

 

МВР излезе со детали за сообраќајката која се случи утрово на патот Кавадарци-Росоман кај селото Манастирец. Во несреќата учествувале „фиат пунто“ и „пежо“ а две лица се тешко повредени и пренесени во кавадаречката болница.

„Денеска (28.02.2024) во 06.48 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Манастирец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патичко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К.(53) од Росоман и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(23) од Росоман. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П.(21) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

28.02.2024 - 12:23
Фото: 
Канал 5

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега