Вчера околу 12:20 часот на патот Демир Хисар – Кичево, на место викано „Крбла“, атар на село Сопотница, демирхисарско, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од село Жван, демирхисарско, излетало од патот.
-Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговиот сопатник Д.Г.(59) од с.Жван се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, велат од МВР.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

