МВР со детали за сообраќајката кај Кавадарци


МВР излезе со детали за сообраќајката што се случи утрово на регионалниот пат Росоман-Кавадарци.

„Денеска во 06.48 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во близина на село Манастирец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патичко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.К.(53) од Росоман и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(23) од Росоман. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.К. и С.П.(21) од Росоман, сопатник во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил возачот И.Д., констатирани во болницата во Кавадарци“, стои во соопштението од МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

28.02.2024 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа