МВР: Регистрирани 705 прекршоци за неносење маски, издадени 702 решенија за изолација

Регистрирани се 705 прекршоци за неносење лична заштита на лице, на 702 лица им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.

Од МВР информираат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека три лица не ја почитувале мерката за изолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега