МВР: Поради протестите, посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Почнувајќи од 17.00 часот, па сѐ до завршување на протестот за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: бул.„Партизански одреди“ со бул.„ВМРО“ во правец кон Карпош, бул.„Партизански одреди“ со ул.„Франлкин Рузвелт“ во правец кон Центар, бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“ во правец кон Соборниот храм и бул.„Св.Климент Охридски“ со ул.„Димитрије Чупоски“ во правец кон Соборниот храм.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа