Close Menu
Press24
    Најново

    ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите

    17.03.2026 во 14:19

    Постигнат договор во Персискиот Залив: Иран дозволи танкери да поминат низ блокираниот проток

    17.03.2026 во 13:59

    Министерство за земјоделство: Исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници

    17.03.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите
    • Постигнат договор во Персискиот Залив: Иран дозволи танкери да поминат низ блокираниот проток
    • Министерство за земјоделство: Исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници
    • Петрушевски: Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните
    • Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик
    • Филипче: СДСМ поднесува пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и храната
    • Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
    • Вечерва подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР почна акција: Утре ќе се уништува голема количина запленети минско-експлозивни пред 15 години

    МВР почна акција: Утре ќе се уништува голема количина запленети минско-експлозивни пред 15 години

    12.12.2025 во 21:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утре на армискиот полигон „Криволак“ ќе биде уништена огромна количина на минско-експлозивни средства, запленети пред цели 15 години.

    Денеска, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, започнаа соодветни мерки и активности за уништување на материјалот.

    Утре, експлозивните средства од касарната „Ѓорче Петров“ ќе бидат транспортирани со камиони на АРМ до полигонот „Криволак“. Уништувањето ќе се спроведе со контролирана детонација во присуство на Комисијата за уништување на оружје, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

    МВР ја истакна сериозноста на доцнењето, наведувајќи дека ова е прв случај на уништување на ваков тип средства по 15 години.

    „Фактот дека ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, за жал, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должната сериозност“, посочуваат од Министерството.

    Од МВР нагласија дека овој чекор ја покажува „одговорноста, посветеноста и професионалното раководење“ со безбедносниот систем.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Полицаецот кој ја загуби ќерката во Пулс со потресна исповед: „И ја видов кондурата, па ја видов Стефанија како лежи”

    17.03.2026 во 10:20

    Подгответе се за невреме – Лош пресврт со времето

    17.03.2026 во 07:57

    Жена остана без 2.000 € и 1.000 $ – МВР приведе скопјанец

    17.03.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.