МВР објави видео: Помогнете ни да го најдеме хулиганот кој фрли молотов

 

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од хулиганите, како што е лицето на снимката кое го фрли молотовиот коктел спрема полицијата и објектот на Собранието, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

„Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Министерството апелира до граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во било какви насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста. Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани“, велат од МВР.

 

06.07.2022 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега