МВР објави детали за сообраќајката во која прегазена беше малолетно девојче

Заврши увидот на сообраќајната несреќа на булеварот Србија каде попладнево прегазено беше малолетно девојче.

Како што соопшти МВР, девојчето се здобило со тешки телесни повреди.

-Денеска во 16.25 часот на бул."Србија" спроти бензинска пумпа патничко возило "пасат" со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники "Мајка Тереза", каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Увид врши увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.

07.12.2023 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа