МВР: Лажни се дојавите за бомби во училиштето и другите објекти во Охрид и Кратово
Министерството за внатрешни работи предмалку соопшти дека лажни се дојавите за поставени бомби во објектите во Охрид и Куманово.
Како што соопшти МВР, за Охрид добиле дојави за поставени бомби во два деловни објекти и едно училиште, а во Кратово, пак, дојава за бомба добил кабелски оператор.
Денеска (28.02.2024 година) околу 10.00 часот добиена е пријава за поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави.
Исто така, денеска (28.02.2024) околу 10.35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку смс порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа