МВР: Класична лага е дека ќе доаѓале бугарски полицајци на 4. февруари

Македонската полиција гарантира безбедно чествување на 4 февруари, класична лага е дека ќе доаѓале бугарски полицајци, информираат од МВР вечерва во испратена реакција до медиумите.

„Како што веќе информиравме, македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку за сите настани, не само за оваа пригода, туку за сите пригоди, во било какви услови – да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните“, стои во соопштението на МВР испратено до медиумите.

 

02.02.2023 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега