МВР и УКЛО ќе соработуваат на проекти за кариера, алумни и доживотно учење
Заедничката соработка на Министерството за внатрешни работи и Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на Универзитетот „Климент Охридски“ (УКЛО) беше тема на разговор на средбата на министерот за внетрешни работи Оливер Спасовски и проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски.
Како што соопшти УКЛО, еден од првите проекти ќе биде формирањето на Алумни клубот на УКЛО во кој ќе се вклучат единиците на Универзитетот и други институции.
– Воедно ќе се работи на искористување на можностите кои во иднина ги нуди Еразмус плус програмата за заеднички проекти поддржани од ЕУ, се додава во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа