Муса Џафери: Ако Груби не поднесе оставка, војната во ДУИ ќе ескалира

 

 

Член на „огнената група“ во ДУИ, Муса Џафери во изјава за „Слободен печат“ кажа дека партијата мора да направи промени, а исто така побара оставка од вицепремиерот Артан Груби.

 

Џафери вели дека состојбата во партијата ќе ескалира ако наскоро не бидат направени промени.

 

„Оставка на вицепремиерот Груби и уште неколку министри или Ахмети да ги смени. Ако не се случи тоа, војната во ДУИ ќе ескалира. Ако мисли дека Ахмети може да нè надмудри преку средби на ограноци, се лаже затоа што проблемите нема да се решат“, вели Џафери.

 

 

30.09.2022 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега