Close Menu
    Најново

    Трамп донесе одлука – ова воопшто нема да му се допадне на Путин

    06.10.2025 во 23:50

    Сајкоски: Нашата визија е да градиме во секој дел

    06.10.2025 во 23:24

    Османи до „Урбаната мафија“: По 20 октомври, нема да има ниту една нова дивоградба во Чаир

    06.10.2025 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трамп донесе одлука – ова воопшто нема да му се допадне на Путин
    • Сајкоски: Нашата визија е да градиме во секој дел
    • Османи до „Урбаната мафија“: По 20 октомври, нема да има ниту една нова дивоградба во Чаир
    • Муртезани: Предвремени парламентарни избори нема да има, прв вицепремиер ќе биде Беким Сали
    • Оваа порака е директно кон Албанците
    • Мицкоски: Овие избори се тој моментум, од чија одлука зависат генерации и генерации потоа
    • Тепачка во спортска обложувалница во Драчево
    • ВМРО не носи кон режим – без СДСМ нема иднина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Муртезани: Предвремени парламентарни избори нема да има, прв вицепремиер ќе биде Беким Сали

    Муртезани: Предвремени парламентарни избори нема да има, прв вицепремиер ќе биде Беким Сали

    06.10.2025 во 23:01
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Предвремени парламентарни избори следната година нема да има, зашто нема никаква потреба за тоа, вели министерот за европски прашања и потпретседател на Алтернатива (дел од ВРЕДИ), Орхан Муртезани, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

    На прашање дали, сепак, има контекст којшто може да направи притисок и да ја принуди ВМРО-ДПМНЕ да се реши на таков потег, особено ако ДУИ биде победник на локалните избори, Муртезани одговара дека владејачкото мнозинство со 76 пратеници е стабилно.

    -Ова намерно се лансира од страна на ДУИ, меѓутоа овој дискурс бил неколку пати неуспешен. Веднаш по изборите, сите челници на ДУИ тврдеа дека нема шанси ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ да направат влада. Направивме влада. После велеа, нема шанси да траат ни 100 дена, поминаа 100 дена. Па, велеа ќе видите после Нова година, готово, ние ќе палиме сè живо и диво, нема да дозволиме оваа влада да помине. Одиме на локални избори. Така што, сè додека тие зборуваат вака, ние ќе продолжиме да победуваме и да владееме, рече Муртезани.

    Тој додава и дека предвремени избори би значеле забавување на проектите што веќе ги отпочнала Владата.

    -Засега ние не гледаме никаква потреба, бидејќи сите тие мерки коишто владата месеци наназад ги спрема и ги презема, очекуваме првите резултати да се појават во 2026. Ако ние одиме на предвремени парламентарни избори, значи дека цела година ќе ја изгубиме, додава Муртезани.

    Во однос на најавите за владина реконструкција до крајот на годината, Муртезани посочува дека ќе бидат неопходни ако дел од министрите кои сега се кандидати, бидат избрани за градоначалници.

    -Не се знае дали ќе биде реконструкција, бидејќи за реконструкција да биде мора една третина од владата да се смени. Меѓутоа, некои министри ќе бидат сменети бидејќи ќе станат градоначалници. Во овој случај ќе треба нов министер за животна средина и нов министер за демографија, труд и млади. Засега сигурно се знае дека прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, нашиот пратеник во Собранието, бидејќи функциите што ги имаше Изет, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина, ќе се разделат. Така што, одредени промени ќе има. Колку ќе бидат тие и какви ќе бидат, засега не знаеме, меѓутоа секако дека одредени промени ќе има, посочува Муртезани.

    Тој посочува и дека во рамки на владината коалиција веќе е договорено функцијата на Меџити како прв вицепремиер да ја преземе поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Беким Сали. Тоа, како што вели Муртезани, нема да значи уште еден министер во Владата од ВЛЕН, туку раздвојување на функциите – прв вицепремиер и министерската позиција во животна средина.

    Во однос на изборната кампања, Муртезани вели дека делата може некого да го направат „орел“ или успешен политичар, а не реториката која служи за закана дека мора да бидеш дел од секоја власт. Во однос на тоа какви прашања доминираат во кампањата кај партиите на Албанците, Муртезани вели дека ВРЕДИ константно говори за проекти, финансирање и буџети, додека ДУИ ги подгрева страстите кај Албанците, сакајќи да ги покријат неспособноста и корупцијата.

    -ДУИ, бидејќи за 22 години Али Ахмети не постигнал да направи канализација за своето село, е многу тешко да ги убедите граѓаните дека после 22 години власт, вие сега ќе направите канализација, водоводна мрежа, училишта итн. Затоа, имајќи предвид дека тие на терен ќе се соочат со прашањето – па зошто не сте ги правеле досега, од конкретни проекти преминуваат во националистичка кампања, во навреда и подгревање на страстите на Албанците, сакајќи така да ги злоупотребат и да ги користат како штит за нивната масовна корупција, рече Муртезани.

    Тој порачува дека тие нема да го спуштат нивото, иако можеби имаат и морално право пожестоко да одговараат на прозивките и навредите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Но, вели Муртезани, тоа зборува за тоа кој каков човек е, какви вредности има, колку е демократ и врз основа на тие работи, станува јасно за каков профил на луѓе станува збор.

    Прашан дали отворената поддршка на ВМРО-ДПМНЕ повеќе им помага или им одмага на кандидатите на ВЛЕН во овој политички контекст, Муртезани вели дека овој начин на соработка не започнал со нив и оти ваквите случаи биле традиционални кога ДУИ бил во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, а потоа и со СДСМ.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Ако „преживее“ фон дер Лајен ќе дојде во Скопје на 4 дена пред избори

    06.10.2025 во 21:00

    Прочитајте што се ви е потребно за влез во ЕУ по 12 октомври

    06.10.2025 во 21:02

    Мојсова: време да ги споиме зборовите со дела

    06.10.2025 во 20:55

    Ова многу ми значи: Орце доби поддршка од фудбалерите

    06.10.2025 во 21:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.