Муртезани: Никој не ми кажа дека Македонија се одвоила од Албанија на патот кон ЕУ

 

„Официјално се уште немаме најава“, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани за „ТВ21“ пршаан за тоа дали добиле официјално известување дека Албанија го продолжува патот кон ЕУ без Македонија.

Постојаните претставници на ЕУ на вчерашната средба во Брисел едногласно донеле одлука за почеток на преговори со Албанија за нејзино членство во ЕУ, објави бугарското национално радио (БНР).

Tоа, де факто, значи одвојување на Албанија и Македонија во процесот за пристапување во ЕУ.

 

Почетокот на преговорите ќе се официјализира на 15:ти октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Основни вредности“.

26.09.2024 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега