Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравство?

Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, јавува „Фокус“.

 
 

Порталот повикувајќи се на неофицијални информации пишува дека  се очекува во наредната недела да се финализираат последните договори.

Тој ќе седне на местото на сега актуелниот в.д директор Миле Сугарев, кој пак, на оваа позиција дојде пред неколку месеци откако Ден Дончев си поднесе оставка од позицијата, како што наведе од лични причини.

Зеќири во март 2006 година беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат остана до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде беше уредник на вестите до септември 2016. Тој по 18 години во новинарството ја напушти професијата и се зачлени во СДСМ, каде што стана и пратеник и потпретседател на партијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега