Мухамад трета година по ред е најчестото име дадено на машки бебиња во Англија и Велс, покажува официјалната статистика за 2025 година.

Лани ова име го добиле 5.957 новородени момчиња, а било најчесто избирано име во секој поединечен месец од годината.

Меѓу првите 100 најпопуларни машки имиња се најдоа и други варијанти на истото име – Мохамед, со 1.712 новородени, и Мохамад, со 895.

Во петте најпопуларни имиња за момчиња се и Ноа, Лео, Лука и Артур.

Кај девојчињата, Оливија останува најпопуларно име десетта година по ред. Во 2025 година ова име го добиле 2.386 новородени девојчиња.

На второто место е Лили со 2.249, додека Амелија падна на третата позиција со 2.153 новородени девојчиња.

Иако името Мухамад и неговите варијанти се меѓу најзастапените кај момчињата, името Фатима, кое често се поврзува со муслиманската традиција, е на 79. место на листата за девојчиња.

Exit mobile version