Close Menu
Press24
    Најново

    Извршители ја стопираа продажбата на автомобилот на Мерко

    12.03.2026 во 15:52

    Насилствата немаат крај – мајки од Аеродром ѕвонат во полиција: Ќерките им се претепани

    12.03.2026 во 15:46

    Крвава пресметка меѓу чираци: 15-годишник со остар предмет нападнал врсник во берберница во Арачиново

    12.03.2026 во 15:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Извршители ја стопираа продажбата на автомобилот на Мерко
    • Насилствата немаат крај – мајки од Аеродром ѕвонат во полиција: Ќерките им се претепани
    • Крвава пресметка меѓу чираци: 15-годишник со остар предмет нападнал врсник во берберница во Арачиново
    • Скандалозно: Скопјанка во својот дом натепала 13-годишна соученичка на својата ќерка
    • Вознемирен татко среде ноќ се јавил во СВР Скопје: Малолетници со пиштол пукаа кон мојот син
    • Страшна сообраќајка во Скопје: Тешко повредено 4-годишно дете во судир на автобус и автомобил
    • Трагедија: Исчезната скопјанка пронајдена во водите на Вардар
    • Падна дилер од Штип
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во работна посета на Литванија: Интензивирање на економската соработка на 30-годишнината од дипломатските односи

    Муцунски во работна посета на Литванија: Интензивирање на економската соработка на 30-годишнината од дипломатските односи

    26.11.2025 во 20:432 Mins Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На покана на министерот за надворешни работи на Република Литванија, г-дин Кештутис Будрис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од 26 до 29 ноември 2025 година ќе оствари работна посета на Република Литванија.

    Во рамки на посетата, покрај средбата со својот домаќин, министерот Будрис, во литванскиот Парламент министерот Муцунски ќе оствари средба со литвански пратеници членови на комисиите за надворешни работи, ЕУ прашања и членови на Групата за соработка со земјите од Западен Балкан (се чека потврда за кои пратеници точно).

    Во фокус на разговорите на вториот ден од посетата ќе бидат економските потенцијали и развојот на трговските односи, при што министерот Муцунски ќе ја посети литванската Конфедерација на индустријалци, каде ќе оствари средба со нејзиниот претседател г-дин Видмандас Јанулевичиус и Министерството за економија, каде ќе се сретне со министерот Eдвинас Грикшас.

    Во Вилнус, министерот Муцунски ќе оствари и средба со македонски исселеници кои живеат и работат во Литванија. 

    Ова е прва посета на министерот Муцунски на Вилнус и се реализира во годината во која двете земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Целта на посетата е севкупно интензивирање на билатералните односи, со посебен акцент на продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји. Главни теми на разговорите ќе бидат билатералните односи, македонската интеграција во ЕУ, како и клучни регионални, европски и трансатлантски прашања.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.