Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оваа недела реализираше низа важни средби.
Оваа недела остварив одвоени средби со амбасадорите на Кралството Шведска, Ола Сулстром, на Португалската Република, Жозе Руи Велез Каросо, и на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков, истакна Муцунски.
„На средбите беше констатиран континуираниот позитивен развој на билатералните односи, како и унапредувањето на политичката и економската соработка и парламентарната дипломатија. Во таа насока, беше изразена заедничка подготвеност позитивниот тренд да продолжи и во текот на оваа година, со посебен фокус на економската соработка.
Воедно, разменивме мислења за можностите за натамошно унапредување на економските релации, зголемување на трговската размена и интензивирање на контактите во областите од заемен интерес“, посочи министерот.


