Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Македонија се враќа на Евровизија: Потврдено учеството на изборот во Бургас за 2027 година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Реформите продолжуваат, а крајната цел останува полноправното членство во ЕУ, клучно е предвидливоста на процесот

    Муцунски: Реформите продолжуваат, а крајната цел останува полноправното членство во ЕУ, клучно е предвидливоста на процесот

    31.07.2026 во 12:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Напорите за изнаоѓање достоинствено решение кое ќе ги зајакне македонските позиции и ќе обезбеди предвидлив евроинтегративен процес се во фокусот на актуелната владина политика од првиот ден, истакна министеро за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Гостувајќи во вестите на телевизијата „Канал 5“, тој информираше дека интензивно се води дијалог со земјите членки на Унијата, европските институции и со соседна Бугарија, но досега сè уште нема постигнато договорен текст што би бил прифатлив за државата.

    Осврнувајќи се на црвените линии на земјата и неопходноста од зачувување на националните интереси, министерот детално ја појасни позицијата на државата:

    „Клучно е да има предвидливост во процесот на интеграција. Уште еднаш нагласувам дека апсолутно не сме подготвени да разговараме за прашања поврзани со идентитетот и историјата. Додека оваа Влада ја води државата, националните позиции ќе бидат пред сè, а истовремено ќе продолжиме да работиме на внатрешните реформи“, истакна Муцунски, соопшти МНРиНТ.“

    Коментирајќи го концептот на постепена интеграција, шефот на дипломатијата оцени дека се очекуваат промени преку кои земјите кандидати би добиле зголемени права и поголем пристап до европските фондови уште пред формалното членство. Тој нагласи дека домашните реформи се спроведуваат во интерес на граѓаните и бизнис-заедницата, а не само за задоволување на формални критериуми.

    Поврзано со докажувањето на реформската посветеност преку конкретни чекори, министерот додаде:

    „Мораме да направиме сè што е потребно од наша страна и тоа да го покажуваме не само со зборови туку и со дела, како што го правиме преку реформската агенда. Не треба да се чека до недоглед, но го немаме луксузот да прифатиме сè по секоја цена, како што беше направено во минатото, и по одреден период, повторно да ја водиме истата дебата што ја водиме денес“, нагласи тој.“

    На крајот од своето обраќање, Муцунски упати критики кон опозициските структури, обвинувајќи ги дека декларативно се залагаат за европска интеграција, додека практично ги кочат реформските закони во Собранието.

    Прочитај повеќе

    Напишани 63 казни за пијани возачи

    17.08.2026 во 18:34

    Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети

    17.08.2026 во 18:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.