Муцунски: Работењето на комуналните служби на Град Скопје беше речиси никакво, а тоа под истиот директор продолжува со несовесна работа

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи обвини дека работењето на комуналните служби на Град Скопје било речиси никакво и како што рече, истиот директор продолжил со несовесната работа. 

„Досегашното работење на комуналните служби на Град Скопје дефинитивно беше неконтролирано и речиси никакво, а тоа под истиот директор продолжува со несовесна работа. Градот Скопје заслужува да биде чист и среден, што се заложби на новата градоначалничка, како и што доликува. Овие слики ќе станат минато во Аеродром“, напиша Муцунски на Фејбзук.

Градоначалникот информираше дека во текот на вчерашниот ден при вонреден надзор од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, службите на комунална хигиена на Град Скопје спровеле чистење на контејнерите на една од најфреквентните раскрсници во Општина Аеродром. 

 

 

15.11.2021 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега