Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на важниот министерски состанок во Тирана посветен на Коридор VIII.

Денеска во Тирана, на покана на министерката Елиса Спиропали, учествував на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“, истакна Муцунски.

Муцунски ја нагласи економската и политичката важност на проектот, истакнувајќи дека неговиот успех подразбира целосно вклучување на сите клучни актери. Улогата на Италија како значаен фактор на Јадранот и на Романија како клучна држава на Црното Море и во регионалната економија е суштинска за Коридор VIII да прерасне во вистинска европска врска од почеток до крај.

Осврнувајќи се на националните обврски, Муцунски потенцираше дека државата, како централна точка на коридорот, останува целосно посветена на неговата реализација.

„Се согласивме дека во наредниот период фокусот треба да биде ставен на финансиски одржливи проекти, координирана прекугранична имплементација и одржување на еднаков интензитет на реализација долж целата траса на Коридор VIII“, посочи Муцунски.

Exit mobile version