Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски од Брисел: Силна поддршка од европратениците за забрзување на пристапниот процес на Македонија

    24.03.2026 во 15:56

    Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз станува реалност, 70 милиони евра се веќе одобрени

    24.03.2026 во 15:52

    Полициска чистка: Малолетник во Тетово возел без дозвола, во Гостивар и Кавадарци „паднаа“ возачи со забрани

    24.03.2026 во 15:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски од Брисел: Силна поддршка од европратениците за забрзување на пристапниот процес на Македонија
    • Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз станува реалност, 70 милиони евра се веќе одобрени
    • Полициска чистка: Малолетник во Тетово возел без дозвола, во Гостивар и Кавадарци „паднаа“ возачи со забрани
    • Скопје добива брз автобуски превоз: Владата дава 70 милиони евра неповратни средства за модерен транспорт до 2029 година
    • Тошковски до младите: „Животот нема рестарт – оружјето не е игра“
    • Владата со реакција: ЗНМ и СЕММ јавно да го осудат однесувањето на новинарот Адеми кон министерката Јаневска
    • Тешко повреден тинејџер во сообраќајка во Гостивар
    • Драма на судењето за случајот „Онкологија 2“: Адвокатка казнета со 500 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски од Брисел: Силна поддршка од европратениците за забрзување на пристапниот процес на Македонија

    Муцунски од Брисел: Силна поддршка од европратениците за забрзување на пристапниот процес на Македонија

    24.03.2026 во 15:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер.

    Во разговорите стана збор за соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето на институционалните и административните капацитети на државата.

    Воедно, министерот Муцунски оствари и конструктивни средби со пратеници во Европскиот парламент – Карло Реслер, Дан Барна, Тијс Ројтен, Матеј Тонин и Ирена Јовева.

    На средбите стана збор за клучните надворешнополитички приоритети, реформските процеси и актуелните регионални прашања. Беа разменети мислења за европската перспектива и динамиката на пристапниот процес на државата и регионот, при што беше нагласено значењето од обезбедување доследна и кредибилна поддршка за политиката на проширување во услови на актуелните геополитички предизвици.

    Посебен акцент беше ставен на перспективите за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, поддршката од Европскиот парламент за забрзување на пристапниот процес, како и на неговата улога во целокупниот процес на европска интеграција.

    Дополнително, на средбата со европратеничката Јовева, стана збор за евроинтеграцискиот процес на државата, при што министерот изрази искрена благодарност за принципиелната поддршка на овој пат.

    Популарно

    Муцунски од Брисел: Силна поддршка од европратениците за забрзување на пристапниот процес на Македонија

    24.03.2026 во 15:56

    Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз станува реалност, 70 милиони евра се веќе одобрени

    24.03.2026 во 15:52

    Полициска чистка: Малолетник во Тетово возел без дозвола, во Гостивар и Кавадарци „паднаа“ возачи со забрани

    24.03.2026 во 15:32

    Скопје добива брз автобуски превоз: Владата дава 70 милиони евра неповратни средства за модерен транспорт до 2029 година

    24.03.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.