Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави го одбележал најголемиот христијански празник – Велигден.
„Попладнево, заедно со македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави, го одбележавме најголемиот христијански празник – Велигден, празник на надежта, верата и заедништвото“, напиша Муцунски.
Тој информираше дека заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ги посетиле црквите „Св. Никола“ во Тотова, Њу Џерси и „Св. Кирил и Методиј“ во Сајдер Гроув, Њу Џерси.
Муцунски посочи дека присуството меѓу иселениците на овој голем празник претставува силна порака за поврзаноста со дијаспората, како и поддршка за нејзините напори за зачувување на верата, традицијата и македонскиот идентитет.
Во објавата, министерот го честиташе празникот со пораката: „Христос воскресе! Честит Велигден!“

