Close Menu
    Најново

    Почнува новиот рок за студентски оброк: Аплицирањето трае само 5 дена, еве кој има право

    01.01.2026 во 16:40

    ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија

    01.01.2026 во 16:21

    Мицкоски за Народниот правобранител: Ќе разговараме со партиите, тоа е услов од ЕК што мора да се реши

    01.01.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Почнува новиот рок за студентски оброк: Аплицирањето трае само 5 дена, еве кој има право
    • ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија
    • Мицкоски за Народниот правобранител: Ќе разговараме со партиите, тоа е услов од ЕК што мора да се реши
    • Safe City дава резултат: Во декември ниту една жртва во сообраќајот во Скопје
    • Мицкоски потврди: Во април ново линеарно покачување на пензиите
    • Црн биланс на „најлудата ноќ“ во Скопје: Тепачки за паркинг, напад врз девојче, агресивен Германец и пожар во Гази Баба
    • Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана
    • Бурна ноќ на Токсикологија: Меѓу 31 пијан пациент, дури 13 се малолетници – најмладото дете има само 14 години
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Муцунски ја претстави Националната стратегија за соработка со дијаспората: Ова не е само документ, туку зрелост како држава

    Муцунски ја претстави Националната стратегија за соработка со дијаспората: Ова не е само документ, туку зрелост како држава

    26.11.2025 во 12:00
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денес во свечената сала на Владата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство.

    „Денес не претставуваме само документ. Денес ја претставуваме нашата обврска, нашата зрелост и нашата одлучност како држава – конечно, вистински, системски и долгорочно да им се посветиме на нашите луѓе надвор од границите. Македонската дијаспора е најголемата, најсилната и најраспространетата мрежа што ја има нашата земја“, истакна Муцунски во своето обраќање.

    „Ова не е Стратегија напишана зад затворени врати, туку во партнерство: институции, експерти, организации, професионалци и, најважно, дијаспората. Таа значи дека Владата ги слуша вашите потреби, предлози и критики. Оваа Стратегија значи дека државата се менува кон модерна, дигитална, достапна и доверлива администрација. Значи дека државата создава систем, а не импровизација; партнерство, а не протокол; долгорочна визија, а не ад-хок мерки“, додаде тој.

    Министерот Муцунски нагласи дека културата претставува најсилниот дипломат на државата, бидејќи ја пренесува нејзината душа и идентитет, кој продолжува да живее и преку дијаспората. Тој посочи дека институционалната поддршка за културата, образованието и јазикот е клучна, бидејќи токму јазикот и знаењето се корените што ја чуваат нашата посебност во глобализираниот свет. Дополнително, истакна дека

    Стратегијата ја зајакнува националната самобитност и преку развојот на спортот и спортската дипломатија, чии успеси допираат до милиони. Притоа, подвлече дека со инклузивниот пристап при изработката на документот, државата ја гради заедно со сите граѓани, без разлика дали живеат во земјата или во странство, гледајќи на дијаспората не како на „заминати“, туку како мостови на соработка, амбасадори и партнери.

    Покрај министерот за надворешни работи и надворешна трговија, на јавната дебата се обратија и неколку министри од клучни ресори важни за подобрување на односите на матичната земја со дијаспората.

    На крај, претставниците од дијаспората, граѓанскиот сектор и академската заедница имаа можност да дебатираат на темите опфатени во Стратегијата, која во следните неколку дена ќе биде отворена за јавноста, а секоја заинтересирана страна ќе може да даде дополнителен придонес за нејзино понатамошно подобрување.

    …

    Популарно

    Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана

    01.01.2026 во 13:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    ОЈО изврши увид: Детали за убиството на турски државјанин во Старата скопска чаршија

    01.01.2026 во 16:21

    Црн биланс на „најлудата ноќ“ во Скопје: Тепачки за паркинг, напад врз девојче, агресивен Германец и пожар во Гази Баба

    01.01.2026 во 14:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.