Македонската делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Загреб ја посети црквата „Света Злата Мегленска“, првата и единствена македонска православна црква во Хрватска.

За време на посетата, Муцунски остварил средба со отец протојереј Кирко Велински, при што разговарале за улогата на црквата во зачувување на традицијата, јазикот, обичаите и историската меморија на македонската дијаспора.

-Разговаравме за нејзината улога и активности во обединувањето на дијаспората, како и во зачувувањето на традицијата, јазикот, обичаите и историската меморија на иселениците. Таа има значајна улога и во поврзувањето на нашата заедница со матичната држава, напиша во објава на Фејсбук министерот Муцунски.

На средбата била нагласена и улогата на бројната и активна македонска дијаспора во Хрватска, како важен мост во градењето на односите меѓу двете држави и унапредувањето на врските со татковината.

Exit mobile version