Муцунски им се заблагодари на НАТО земјите за помошта по трагедијата во Кочани

 


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во обраќањето по повод петгодишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО, на работната средба со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата, уште еднаш упати голема благодарност  за дадената и понудената помош од сите нив, за итното згрижување на младите пациенти настрадани во неодамнешната трагична несреќа во Кочани, каде загинаа 59 млади лица а повеќе од стотина беа повредени.

-Вашиот брз одговор ја покажа силата на солидарноста, која е главната карактеристика на нашиот сојуз, а која во овој случај беше демонстрирана од се срце. Овој случај уште еднаш ја покажа важноста на солидарноста која треба целосно и заеднички да ја негуваме како наш главен столб во нашите односи. Ви благодариме уште еднаш за сета поддршка и изразите на сочувство за еден од најтешките моменти за нашата земја, рече Муцунски.

Тој информира за посветеноста на Владата за целосно истражување на оваа трагедија 

-Од наша страна, како Влада, веќе ги преземаме сите неопходни мерки за целосно истражување на случајот, вклучително и изнесување на сите инволвирани лица кои придонеле  да се случи ваквата трагедија, пред судските органи. Како Влада определени сме одлучно да се бориме со корупцијата и сите девијантни појави чија цел е да го ослабат и нарушат нашиот систем. Тоа нема да го дозволиме. Наша цел е да ја зајакнеме довербата и унапредиме функционалноста на системот во кој граѓаните ќе имаат целосна доверба, порача Муцунски во обраќањето пред  амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата. 

27.03.2025 - 12:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега