Close Menu
Press24
    Најново

    Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила

    03.03.2026 во 23:10

    Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи

    03.03.2026 во 22:54

    Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра

    03.03.2026 во 22:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
    • Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
    • Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
    • Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
    • Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
    • Вреди наскоро ќе биде една партија
    • Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
    • Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Една од иницијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство

    Муцунски: Една од иницијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство

    20.11.2025 во 21:194 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Многу е значајно што во ЕУ постои сериозен импетус за проширување кон целиот регион на Западниот Балкан, изјави за МИА министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел.

    -Постојат повеќе иницијативи. Една од тие иницијативи е онаа за гласање со квалификувано мнозинство во Советот кога се во прашање одредени фази од проширувањето. Факт е дека големо мнозинство од земјите членки и европските институции во целост го делат ставот дека проширувањето треба да биде засновано на принципот на постигнувања, изјави Муцунски.

    Сепак, според него, факт е и тоа што ни случува нам во пристапниот процес со години наназад, па затоа охрабрување претставуваат пораките како денешната при презентацијата на извештајот по Стратегијата за проширувањето на ЕУ дека билатералните прашања не смеат да се користат како лост за блокирање на процесот на пристапување на земјите кандидати за членство.

    -Тоа е нешто што не радува, но ние, исто така, треба да сме свесни за реалноста што постои, а тоа е фактот дека се уште сме блокирани од страна на една земја членка во отпочнувањето на преговорите. Истовремено, факт е дека треба да ја вложиме сета наша енергија врз основа на добра верба и да имаме насоченост кон изнаоѓање решенија за сите предизвици, но секако, ќе го повторам и тоа што е конзистентен став на Владата повеќе месеци, дека решенијата на билатералните предизвици никако да не бидат решавани така што ќе задираат или ќе ги доведат во прашање македонскиот идентитет, јазик и културна посебност, истакна Муцунски.

    Во врска со најавата на Атина за нејзина иницијатива за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан, Муцунски рече дека верува оти Грција ќе остане еден од нашите поддржувачи на патот за полноправно членство во ЕУ, бидејќи нашето интегрирање во Унијата покрај во наш, е и во интерес и на нашите соседи кои се членки на блокот.

    -Нашите билатерални односи со Грција се развиваат во позитивен правец во последните година дена. Се работи на многу опипливи проекти кои што носат бенефит за нашите граѓани и бизнис заедницата. Тука примарно мислам на Коридорот 10 и на интерконекторот што е во изградба и се изведува во моментов, рече шефот на дипломатијата.

    Тој додаде дека пред околу една недела присуствувал на средба организирана од стопанските комори на двете држави, на која биле упатени позитивни сигнали во делот на деловната и трговската соработка.

    За време на посетата на Брисел, Муцунски вчера се сретна со еврокомесарката за проширување Марта Кос, по што присуствуваше на вечера што за шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западниот Балкан ја организираше високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, додека денеска, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и со скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, имаше средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт Глен Микалeф.

    Муцунски нагласи дека фокусот на средбата со еврокомесарката Кос бил на повеќе прашања, меѓу кои приоритетите во делот на домашните реформи, исполнувањето на одредени реформски процеси кои што се поврзани со Реформската агенда, како и предизвиците кои што ги имаме, вклучително и билатералниот спор со Бугарија.

    -Зборувавме за различните инцијативи што ги има со цел конечно нашата држава да ги започне преговорите со Европската Унија и во таа насока верувам дека во периодот што претстои ќе почнеме да гледаме опиплив напредок во сите реформски области кои што се значајни за државата, рече Муцунски.

    На работната вечера со Калас дискусијата примарно била поврзана со планот на ЕУ за Западниот Балкан од политичка гледна точка и чекорите поврзани со интеграцијата на целиот регион во Унијата, како и за заедничките безбедносни предизвици.

    -Средбата со еврокомесарот Микалеф беше продуктивна и заклучокот од неа беше дека слабиот менаџмент на процесот од страна на претходната администрација на Град Скопје, за жал го имаше доведено во прашање тоа дали Скопје ќе остане европски град на културата во 2028 година. Сепак во еден краток период, по изборот на градоначалникот Ѓорѓиевски во координација со Владата ќе успееме да го зачуваме статусот, рече Муцунски.

    Тој додаде дека реализацијата на самитот проект „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ ќе ја има поддршката на Владата и на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

    Популарно

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Пошумување на опожарена површина на Голак

    03.03.2026 во 21:32

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.