Му се родил син па излегол да слави - Загинал во пожарот во Кочани

 

Трагедија ја зави Македонија во црно откако во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 лица, а стотина се повредени, по пожар кој избил и брзо се проширил.

Една од жртвите во ужасот е 30-годишното момче Тоше Богданов од Облешево, кој кобната ноќ излегол со своите пријатели за да го прослави раѓањето на синот, пишува српски Телеграф.

Работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила неколку дена пред трагедијата. 

Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема “, изјави за Информер извор запознаен со случајот.

Голема трагедија, нека почива во мир.

17.03.2025 - 07:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега