Властите во САД го третираат како терористички чин упадот во трафостаница во Невада, каде 23-годишниот Досон Малони од Њујорк со изнајмен автомобил проби безбедносна ограда и се самоуби. Инцидентот се случил во четвртокот, кога полицијата во градот Боулдер добила повик за возило кое со голема брзина влегло во објектот на Одделот за вода и електрична енергија.

Според полицискиот извештај, Малони бил пронајден мртов во возилото со самонанесена рана од огнено оружје, носејќи панцир. Во автомобилот биле пронајдени две пушки, пушка во стилот на AR, наполнети шаржери и две запаливи направи.

„Од голема претпазливост, инцидентот се третира како поврзан со тероризам поради локацијата и пронајдените материјали. Во моментов нема закана за јавноста“, соопштија од Полициската управа на Лас Вегас (LVMPD).

Истрагата откри дека Малони претходно бил пријавен за исчезнат во Њујорк, а на семејството му најавил дека планира дело со кое „ќе го направи вест“. Во неговата хотелска соба биле пронајдени книги со екстремистички идеологии, вклучувајќи содржини за бела супремација и антивладини ставови.

Exit mobile version