МТСП: Жените може да се пензионираат и на 62 години, доколку тие така одлучат

Министерството за труд и социјална политика вечерва преку соопштение појасни дека пензионирањето ќе биде задолжително и за мажите и за жените на 64 години возраст и 15 години работен стаж, но оти не се исклучува можноста жените да одат во пензија и на 62 години доколку така одлучат.

–  Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот на Република Северна Македонија правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години. Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат. Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат, се наведува во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега